
Новогодишни и Божиќни празници
Почитувани клиенти,
Најпрво среќни празници од Брза Пратка. Поради неработните денови распоредот за достава и транспорт на пратки и карго ќе се корегира соодветно на истите. Пратките превземени на 31ви декември (понеделник) ќе се доставуваат на 03 јануари 2019 ( четврток ).
Околу Божиќните празници пратките превземени на 5ти јануари (сабота) ќе се доставуваат на 8ми јануари (вторник) 2019година .
Од 8ми јануари превземањето и доставата на карго и пратки продолжува по својот вообичаен распоред.
Брза Пратка на сите им ги честита новогодишните и божиќни празници и Ви посакува многу здравје, среќа, љубов и успешна работа во наредната 2019та година.