Богојавление – Водици

Богојавление – Водици

Почитувани клиенти,

Најпрво нека ни е среќен празникот Богојавление – Водици. Денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар). Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Во Република Македонија според Законот за државни празници, член 4, (СЛ бр. 54/97 и 21/2007) се прославува како верски празник – неработен ден за верниците од православна вероисповед.

Поради тоа, Брза Пратка Ве информира дека ќе го корегира распоредот за достава, превземање и транспорт на пратки и карго за еден работен ден. Пратките превземени на Среда, 18ти јануари експресно ќе се доставуваат во Петок 20ти јануари, односно зависно на која дата е побарана во товарителницата.

Брза Пратка на сите им ги честита Богојавление – Водици и ви посакува многу здравје, љубов и берикет.

Брза Пратка | Достава врата до врата

Leave a comment