Имплементација на нов софтвер

Имплементација на нов софтвер

Почитувани,

Како што е познато, нашата компанија Брза Пратка постојано е во чекор со времето и ги следи најновите методи на работа. Ве известуваме дека сме во процес на имплементација на нов софтвер поради подобрување на квалитетот на услугите и начинот на работа. Нашата цел е да бидеме уште поблиску до вас и вашите потреби. Поради тоа ве информираме дека поради презафатеност на системот, во наредните 2 недели некои од операциите е можно да доцнат за што однапред се извинуваме. Ве молиме да имате разбирање за наведената ситуација.

Со почит,

Тимот на Брза Пратка

Leave a comment