Почетна

Брза Пратка


Компанија скроена за Вашиот буџет и време.

Брза Пратка ДООЕЛ е приватна компанија со долгогодишно работно искуство за достава на секаков вид пратки. На пазарот во Македонија постоиме од 2009 година и за овој долг период развивме богата мрежа на преставништва и базни станици низ целата држава, а и пошироко. Основна услуга е Македонија експрес, транспорт на писма, документација, карго и друго низ целата територија на Македонија. Како дел од нашите услуги се и меѓународниот транспорт со редовни транспорт линии до Бугарија, Србија, Косово, Грција и Романија како и други европски држави.  За овие услуги располагаме со богат, модерен и редовно сервисиран возен парк со кој ракува високообучен тим подржан од висококвалификувана логистичка служба.


Вашата пратка секаде во светот

ја доставуваме со грижа, професионалност и експедитивност


Брза Пратка

Ние сме една од топ 5 приватните компании на пазарот за транспорт во Македонија со значителен удел. Од нашето основање развиваме корпоративна структура со над 50 вработени и над 50 возила.
Обслужуваме над 15,000 клиенти годишно и имаме над 250,000 пратки годишно што е овозможено благодарение на 100% покриеност на Македонија како и значителна покриеност на соседните земји како Бугарија, Романија, Србија и Косово, а со помош на нашите соработници и достава во целиот свет и од целиот свет. Располагаме со високо развиена курирска и логистичка служба со која можеме да доставуваме пратки брзо и професионално.

Нашите цели и визија

Основна цел на Брза Пратка е да ја достигне и задржи водечката позиција во областа на курирските услуги прво на македонскиот, а потоа и на регионалниот пазар. Наша визија е да бидеме компанија која најмногу одговара на потребите на клиентите и да негуваме имиџ на општествено одговорна компанија.

Нашата мисија

Нашата мисисја е на нашите клиенти со брза и професионална испорака на секоја пратка, да им помогнеме и овозможиме напредок и развој на нивните бизниси. Покрај тоа, секоја пратка ја третираме со најголема одговорност и се трудиме да ја доставиме во најкраток можен рок до посакуваната дестинација. Како една од најголемите македонски компании во областа на курирски услуги целиме кон тоа да на нашите потенцијални клиенти им овозможиме најдобра услуга по најповолна цена. Нашата најголема желба е со транпортот на Вашите пратки да придонесеме за зголемување и одржување на целосниот економски раст на земјата.

Корпоративна одговорност

Корпоративната одговорност за Брза Пратка е составен дел од корпоративната стратегија, интегрирана во фирмата во вид на вредносен систем кој во социјална, еколошка и економска димензија се обидува да создаде придобивки за клиентите, вработените и корисниците, и испорачува производи и услуги со грижа и одговорност за луѓето, ресурсите и животната средина.