Промена на податоци

cover change

Промена на податоци

Брза Пратка согласно Правилата и Условите за работење, како и согласно инструкциите кои произлегуваат од Законот за поштенско работење, нуди промена на податоците на Примачот на Вашата пратка.

Тоа значи дека клиентот може да смени дел од информациите за Примачот, како телефон или адреса пред пратката да биде доставена. Ве молиме имајте во предвид дека доколку смените некој од податоците може да резултира со промена на времето на достава, односно доставата да се пролонгира за еден до неколку работни дена. Доколку промената на адреса е во истата зона тогаш одолговлекувањето ќе биде минимално, односно не повеќе од еден работен ден. Но, доколку се случи промена на зона тогаш пролонгираниот период ќе биде поголем, зависно од дестинацијата, поради логистичката имплементација во позадина. Одолговлекувањето во овој случај ќе биде од еден до три работни денови. Исто така, имајте во предвид дека драстична промена во адресите, односно промена на зони со себе повлекува и соодветна промена во цената. За да видите, информативно, кои промени во цена може да се случат, консултирајте се со нашиот онлајн ценовен калкулатор.

После тоа, доколку сакате да направите промена, само треба да испратите е-пошта на следната е-адреса: info@brzapratka.com со бројот на товарителница и новите податоци. Доколку имате промени за сумата за откуп истите податоци со бројот на товарителница треба да ги пратите на следната е-адреса: v.ilieva@brzapratka.com.

За секоја информација Ви стоиме на располагање на бесплатниот број 0800 222 00.