Нашите услуги

Меѓународни услуги

Брза Пратка нуди достава до соседните држави и пошироко
  • Достава до Косово – 5€ – достава 3 – 5 дена
  • Достава до Албанија – 10€ – достава 5 – 7 дена
  • Достава до Бугарија – цена за транспорт по договор – достава 5 – 7 дена
  • Достава до Грција – цена за транспорт по договор – достава за 10 – 14 дена
  • Достава до другите земји во Европа – цена по договор – доставата се врши само во еден правец
Цената за доставата се подразбира за пратки до 10 килограми, над 10 килограми веќе сите цени треба да се по договор, зависно до големината, килограмите, содржината и вредноста на пратката

Пратка со откупнина

Пратка со откупнина – изнесува 1% од откупнината, која мора да е минимум од 30 денари. Цената е за превземање на откуп од База, или за уплата во банка по избор. Во цената не се вклучуваат банковите трошоци. Доколку имате секојдневни пратки кои се превземаат од врата откупот Ви се доставува до локација на достава на пратките. Откупите се доставуваат во рок од 24 до 48 саати после успешната достава.

Пратка со повратен документ

Пратка со повратен документ – на своите клиенти им нудиме услуга на доставување на повратен документ од примачот на пратката до клиентот за +50 денари. Повратниот документ може да биде наша товарителница која содржи информации за примачот и негов потпис, може да биде Ваша фактура или испратница, или потврда од самиот примач. Во цената е вклучена доставата на документот до наша база или ако сте редовен клиент и до Ваша врата.

Размена на пратки

Размена на пратки – за своите клиенти нудиме размена на пратки, првата пратка се испорачува по регуларна цена, новата пратка,не повеќе од 10 кг, се враќа до Вас за цена од 100 денари. На програмата за следење можете за која пратка сте добиле замена или размена.

Вредносна пратка

Вредносна пратка – За цена од 0.5% од само-декларираната вредност од Испраќачот на пратката, Брза Пратка се обврзува посебно да внимава при доставата на конкретната пратка. Брза Пратка ја превзема одговорноста за рефундација на полната вредност на пратката во случај на губење или целосно уништување. Горниот лимит на вредност на пратката кој го превзема Брза Пратка е 100.000 денари. (Пр. Пратка која е проценета со вредност од 100.000 денари може да се прими како вредносна пратка со доплата од 500 денари.) За повеќе информации проверете во делот за Општи Услови.

Приоритетна достава на пратка

Приоритетна достава на пратка – може да се изврши не порано од 10:00 часот и не подоцна од 16:00 часот. Цената на оваа дополнителна услуга изнесува 100 денари. Под точност на достава се подразбира плус или минус 30 минути од посакуваното време на достава. Населени места за кои важи оваа услуга се: Скопје, Куманово, Свети Николе, Штип, Кочани, Велес, Виница, Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Гостивар, Прилеп, Богданци.

Купување со курир

Купување со курир – Брза Пратка нуди купување со курир, така што Вие му давате пари на курирот за да изврши набавка на посакуваната стока од било кој град во Македонија. Цената на оваа дополнителна услуга изнесува 100 денара кој се смета како трошок за превземање на Вашите пари. При пристигнување на пратката се доплатува за транспортот согласно со тековниот ценовник плус 1% од цената на купување. Рокот за извршување на оваа услуга е 2 работни дена доколку двете адреси се во првата зона.

Фиксиран час на достава

Фиксиран час на достава – Достава на документација или пратка во определен час со толеранција од плус или минус 5 минути од договореното време. Услугата може да се користи за достава на тендерска документација. Цената на услугата за достава на тендерска документација се пресметува така што на основната цена за транспорт се додаваат 300 денари за Зона 1, а 500 денари за Зона 2. За Зона 3 услугата чини 1000 денари, а за Зона 4 – 2000 денари. Услугава може да се користи само за достава на пратки во Зона 1 и Зона 2. Ние превземаме одговорност за можно пропуштање на рокот на тендерот, и доколку се случи ваква непријатност ние покриваме 10 пати од вредността на основната услуга за транспорт, во овој случај тоа е 5000 ден. Определеното време во кое може да се изврши оваа услуга е во период од 10:00 до 16:00 часот. Населени места за кои важи оваа услуга се: Скопје, Куманово, Свети Николе, Штип, Кочани, Велес, Виница, Струмица, Радовиш, Валандово, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Битола, Охрид, Струга, Кичево, Тетово, Гостивар, Прилеп, Богданци.

Отвори пред да платиш

Отвори пред да платиш – бесплатна услуга на Брза Пратка која на примачот на пратката му овозможува да ја провери содржината на пратката пред да го плати износот на откупот. Во случаите кога курирската услуга треба да биде платена од страна на примачот, истата мора да биде платена пред отстапување на пратката за преглед. При користење на оваа услуга клиентот треба да одлучи веднаш дали ја превзема пратката. Доколку му е потребно повеќе време му се наплатува следната услуга ТПП.

Тест пред да платиш

Тест пред да платиш – Услуга на Брза Пратка која чини 50 ден и му овозможува на примачот да ја отвори пратката во присуство на курирот, да се увери во нејзината содржина и да ја тестира исправноста на стоката пред да го плати износот на откупот и да ја прими пратката. Во случаите кога курирската услуга треба да биде платена од страна на примачот, истата мора да биде платена пред тестирање на пратката како и услугата ОПП. Содржината на пратка со активна опција “тестирај пред да платиш” се отстапува на примачот за тест период од максимум 10 минути во присуство на курирот.