Често поставувани прашања

Откупите се исплаќаат после наредниот ден, со тоа што е потребен еден ден за обработка, но доколку се работи за откуп кој треба да се подигне од населено место од 2-ра или 3-та зона тогаш откупот ќе може да се подигне после неколу дена.
Сите населени места се поделени по зони, времето за достава е во зависност од зоната во која се наоѓа конкретното населено место. За повеќе информации погледнете подолу.
Нашите курири во Скопје превземаат пратки најдоцна до 15.30 часот, но ако сакате можете да ја донесете пратката во една од нашите бази најдоцна до 19.30 часот. А во другите градови во нашата држава превземањето на пратките може значително да се пролонгира во зависност од времето на тргнувањето на комбињата кои ги носат пратките во нашата база во Скопје.
Во Скопје достава вршиме од 09.00 до 16.00 часот, а во другите градови доставата може да биде и малку подоцна во договор со курирот.
Ако вашето работното место е во истиот реон со домашната адреса, во тој случај курирот може да ја достави пратката таму каде што повеќе би ви одговарало, но ако е во друг реон на градот а инсистирате да ви биде дотавена на работното место, тогаш истата ќе ви биде доставена следниот ден откако ќе му биде доделена на друг курир кој доставува во другиот реон.
И покрај напорите кои ги правиме за избегнување на вакви непријатности сепак можно е некогаш да се случи и такво нешто, поради различниот вид и голема на пратките што ги доставува Брза Пратка. Така, ако Вашата пратка е подложна на лесно оштетување пожелно соодветно да биде спакувана од внатре и од надвор со амбалажа и материјали што ќе ја заштитат пратката од оштетување при транспорт. За повеќе детали погледнете подолу.
За изгубена пратка обештетуваме до 15 пати од основната цена за транспорт, а за оштетена пратка до 10 пати од основната цена за транспорт, според законот за пошти на Република Македонија, доколку мислите дека вашата пратка е изгубена или оштетена можете да пријавите на prijavi@brzapratka.com или директно на нашата страна.
Секако, курирот мора да ве контактира пред да дојде на адресата наведена во документот.
Куририте на Брза Пратка секогаш се обидуваат до 3 пати да ја достават пратката. Но во градовите каде што има бази пратката може да биде задржана и до една недела.
Да можно е, после утврдување на автентичноста на вашите податоци.
Можно е, после утврдување на Вашиот идентитет и потврдување на автентичноста на Вашите податоци.
Се разбира, вие не сте обврзани да ја примите пратката, ако од било која причина не сакате да ја превземете ние му ја враќаме на испраќачот.
Пратката можете да ја отворите само доколку така однапред е договорено со испраќачот и доколку истото е наведено на товарителницата (документ за превземање на пратка).
Вие можете пратката да ја вратите, но ќе Ви биде наплатено за услугата, зашто тоа се смета како превземање на нова пратка. Имате опција и за замена на пратката во договор со испраќачот, но за повеќе информации погледнете подолу.
Плаќањето се регулира помеѓу испраќачот и примачот на пратката, имено двете странки се договараат кој од нив ќе плати за услугата, а можна е и опцијата и примачот и испраќачот да платат дел од сумата.
Не, услугата се наплаќа исклучиво во готово, а постои можност и за плаќање на фактура за нашите редовни клиенти правни лица.